Доживотен затвор за Ратко Младиќ, виновен за геноцид и воени злосторства во БиХ

Хашкиот трибунал изрече доживотна казна затвор за Ратко Младиќ, поранешниот генерал на армијата на Република Српска, откако го прогласи за виновен за 10 од 11-те толки на обвинението за геноцид и злосторства против човештвото направени во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година.

Младиќ е првостепено прогласен за виновен за геноцид во Сребреница, како и за злосторства против човештвото во 15 општини во Босна и Херцеговина, опсадата на Сараево, кршење на обичаите на војување, прогон, истребување, убиства, депортации и присилно преместување.

Младиќ изрекувањето на казната не го дочека во судницата. Најпрвин неговиот адвокатски тим се пожали на здравствени проблеми, а потоа Младиќ беше отстранет од просторијата поради викање во судницата за време на читањето на пресудата.

Хашкиот трибунал со оваа пресуда ја завршува својата работа и иако одбраната и обвинителството имаат права на жалби, за нив ќе одлучува друг суд.

Пресудата доаѓа по три ипол годишно судење и дополнителна година заседавање на Судот во Хаг.