Don`t Stop Me Now од Квин е ‘највеселата песна’ на планетата според науката

Според тим истражувачи на Универзитетот во Мисури песната која предизвикува најголемо чувство на среќа кај луѓето е Don’t Stop Me Now од Квин.

Иако кај секој човек, омилената песна е прашање на субјективен избор, научната студија открила дека постојат клучни обележја кои одредена песна ја прават весела. Во нивното истражување луѓето слушале песни со побрз ритам во период од две недели – и резултатите биле јасни – слушањето музика, без разлика на жанрот, ги прави луѓето посреќни.

Но за да разберат кој вид музика предизвикува најголемо чувство на среќа, тимот создал посебна формула.

Специјалистот од областа на невронауката, Јакоб Јолиџ проучувал 126 песни од 50-годишен период. Песните ги одбрал преку анкета на 2 илјади луѓе од Велика Британија кои го кажале нивното мислење за „највеселата песна“. Јолиџ потоа ги анализирал песните кои биле најдобро оценети, го утврдил нивното темпо, музичкиот клуч, темата и текстот.

„Шаблонот беше многу јасен. Просечното темпо на „веселите песни“ беше значително повисоко од просечна поп-песна. Додека просечното темпо на поп-песна е 118 отчукувања во минута, на „веселите песни“ просечно темпото е околу 140 до 150 отчукувања во минута“, напишал Јолиџ во блог објава.

И покрај тоа што е објавена пред 37 години, Don`t Stop Me Now се уште ја има способноста да ги направи луѓето да се почуствуваат добро и да ги натераат да играат, клучните критериуми за „веселите песни“ со преку две третини од гласовите на истражувањето.

Хитот на Квин од 1978 година комбинира точно погодено темпо, текст и музички клуч кое како резултат најмногу предизвикува чувство на среќа.

Сепак, резултатите ги поделија луѓето на социјалните мрежи. Еден од корисниците на Реддит коментира: „Секоја земја мора да има посебна листа на песни кои предизвикуваат чувство на среќа“.