Документарниот филм за Amy Winehouse ќе се прикажува во кината од јули

Документарниот филм за почината пејачка Amy Winehouse насловен „Amy“ доби официјален датум на објавување во Велика Британија.

Долгометражниот документарен филм во режија на Asif Kapadia, режисерот кој доби награда на BAFTA за својот филм „Senna“ ќе се прикажува во британските кина од трети јули сооопштија дистрибутерите на филмот.

Документарецот ветува „претходно нечуени песни“ и „голем број на архивски снимки“, а воедно е најавен како приказна за добитничката на шест Греми награди раскажана „со сопствени зборови“. Трејлерот за документарниот филм беше прикажан на настанот пред свеченото одржување на Греми минатиот месец во Лос Анџелес.

„Пред две години решивме да направиме филм за неа, нејзината кариера и живот. Тоа е многу комплициран и нежен филм. Се зборува за многу работи во врска со семејството и медиумите, славата, зависноста, но што е најважно, ја доловува суштината на тоа што беше, а тоа е неверојатна личност и вистински музички гениј“, рече извршниот директор и претседател на Universal Music, David Joseph.

Amy Winehouse почина од труење со алкохол во 2011 година на 27-годишна возраст. По нејзината смрт, постхумно беше објавен нејзинот албум „Lioness: Hidden Treasures“.

Извор: NME