Доделена Нобеловата награда за хемија

Швеѓанецот Томас Линдал, Американецот Пол Модрич и Американецот со турско потекло Азис Санчар се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2015 година, за нивните студии за тоа како човечките клетки можат да возобноват оштетена ДНК.

„Нивната работа обезбеди фундаментални познавања за тоа како функционираат живите клетки, на пример за употреба на развивање на нови третмани за канцер“, се вели во соопштението на шведската Кралска академија на науките.Тројцата поделија награда од 960 илјади долари.

Оваа недела ќе бидат објавени и добитниците на Нобеловата награда за мир и за литература. Покрај за хемија, веќе се објавени добитниците на Нобеловата награда за физика и медицина.