Доделена Нобеловата награда за физика

Втората од трите главни три награди оваа недела е доделена на научници од Јапонија и Канада за откритијата како неутрините – субатомски честички – го менуваат идентитетот или „вкусовите”, како за проширувањето на нашето разбирање на внатрешната работата на материјата и универзумот.

Добитници на Нобеловата награда за физика се Takaaki Kajita од институтот за вселенски истражувања од Универзитетот во Токио и Arthur B. McDonald, истакнат канадски физичар и раководител на институтот во Садбери.

Вчера беше доделена Нобеловата награда за медицина која им припадна на научници од Ирска, Јапонија и Кина.