„Добар проект”: иницијатива за помош на талентираните деца во Македонија

Во рамките на петотто издание на Skopje Design Week, беше промовирана иницијатавата „Добар проект”, која има за цел да истакнува проекти што ќе им помогнат на исклучително талентираните деца во Македонија да ги остварат своите потреби за надградба, учества во натпревари и усовршувања.

Прв таков проект е 10 годишниот Милан Дучевски, пијанист, добитник на шест први награди кој заедно со својот ментор, Маја Стојановиќ треба да отпатуваат на европското првенство во Италија во април, следната година. За таа цел, потребно е да се соберат 3 500 евра сè со цел овој добар проект да биде успешен.

„Сакаме да создадеме навика кај фирмите, но и кај нас лично, да донираме на оваа платформа, а сите информации ќе бидат објавувани на www.dobarproekt.mk и на Фејсбук страната”, изјави Нена Гиевска, проект менаџер на „Добар Проект”.

Таа нагласи дека талентираните деца во Македонија бараат ангажираност од сите и очекува да се вклучат голем број на граѓани, бидејќи талентираните деца, според Гиевска, се ретки исклучоци и им е потребна дополнителна нега и внимание.