„Дивисион“: Расте свеста за општествената одговорност кај македонските компании

„Дивисион“ е маркетинг-агенција со комплетна услуга, која во Македонија е присутна од 2001 година. Растејќи и развивајќи се во текот на сите овие години тие се изградија како агенција која нуди максимално квалитетни услуги и ги задоволува потребите на клиентите. Од истражување на пазарот, развивање комуникациски стратегии, идентитет на бренд, „Дивисион“ се стреми да создава маркетинг-кампањи кои ќе бидат препознатливи по својата креативност, а воедно ќе вродат со плод и успех во работењето на своите клиенти, преку постигнатите резултати и конкурентноста на пазарот.

„Нашата мисија и визија е градење партнерство со нашите клиенти, создавање иновативни, креативни решенија кои резултираат со успех во нивното работење. Успехот на нашите клиенти е и наш успех!“, велат од маркетинг-компанијата „Дивисион“.

Годинава вашата компанија го помогна учеството на младите дебатери од Македонија на Европското дебатно првенство кое ќе се одржи од 2 до 8 август во Виена. Зошто решивте да ги поддржите младите и зошто е ова важно за вашата компанија?

Еден од позначајните сегменти во маркетингот, како и во дебатата, се добрите аргументи кои се основна алатка за поттикнување на чувството на доверба кај потрошувачите/публиката. Крајната цел е преку аргументирана презентација и јасна порака да се задоволат очекувањата на целната група.Сметаме дека е многу важно да се подигне конкурентноста на младите на пазарот на трудот, особено преку компензирање на знаењата и вештините со кои младите не успеале да се стекнат во текот на своето формално образование. Помагањето на младите дебатери за нас претставува можност да ги унапредат своите теоретски, практични знаења и вештини и да стекнат поголемо искуство кое ќе им помогне да се пласираат подобро на пазарат на трудот. Како агенција составена од млади луѓе, веруваме дека со овој начин директно влијаеме во развивањето на пазарот на трудот и придонесувамеза создавање поквалитетни млади кадри. Според нас, тоа се клучни елементи за градење општествена одговорност во заедницата на локално и национално ниво.

Последниве години многу се зборува за развивање на програмите за општествена одговорност кај компаниите. Колку се подготвени македонските компании да инвестираат дел од својот буџет во проекти за доброто на заедницата?

Општествената одговорност на компаниите во Македонија во последно време е сè поголема, но сепак сè уште треба да се работи на градење и подигнување на свеста кај населението и компаниите за нивната улога во развојот на општествената заедница. Ова може да се постигне, пред сè, со поставување позитивни примери на учество и развој на проекти за општествена одговорност во самата заедница и, секако, со согледување на важноста и придобивките на компаниите од нивниот придонес во унапредувањето на заедницата и поширокото окружување.Токму затоа „Дивисион“ се стреми сè повеќе да учествува во проекти кои се од особена важност за заедницата, каков што е во конкретниот случај проектот на МОФ за учество на млади дебатери од Макединија на Европското дебатно првенство. Преку овие примери компаниите во Македонија треба да разберат дека успехот на една компанија не се мери само преку постигнатите деловни резултати туку и преку учество и поддршка на проекти од ваков карактер.

Маркетинг агенцијата „Дивисион“ успешно работи веќе 14 години. Кои се најголемите предизвици во вашето работење и колку е тешко да се опстане на македонскиот пазар?

Во Македонија сме присутни од 2001 година. Во моментов работиме и на проекти надвор од границите на Македонија, за пазари како што се Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Работата на полето на маркетингот сама по себе постојано носи нови предизвици, пред сè поради динамиката и слободата на креативното изразување. Предизвикот е уште поголем кога ќе ги видите постигнатите резултати на своите клиенти од кампањите на кои сте работеле. Успехот во нашата работа се должи на добро организираната тимска работа, на креативноста и на долгогодишното искуство.

Во вашата компанија работат главно млади луѓе. Колку е важно компанијата да вложува во своите вработени, за тие успешно да одговорат на барањата на клиентите?

Во Македонија има креативен и образован кадар. Токму затоа сме ние тука како агенција, за да го препознаеме квалитетот и да инвестираме во него.„Дивисион“ е агенција која постојано вложува во своите вработени, се грижи за нивната едукација / доедукација, за нивниот професионален и личен развој и поставува стандарди на тимско работење. Секогаш сме отворени за вработување нови, млади и креативни кадри на кои го пренесуваме нашето знаење од долгогодишното работно искуство. Веруваме во нив бидејќи тие ја претставуваат нашата иднина. Сметаме дека нашиот тим и тимско работење се круцијалниот фактор за постигнување на целите на компанијата, а воедно и за успешно работење со нашите клиенти.

Што е она што во моментов го работи „Дивисион“ и кои се вашите планови за во иднина?

Во моментов работиме на реализација на целосна офлајн и онлајнкампања за новото ребрендирање на „Цевитана“ на „Витаминка“. Од самиот почеток на овој проект работевме на новиот дизајн на пакувањата, а потоа на градење целосна комуникациска стратегија за ТВ, радио, билборд и за принт кампања којашто е поддржана и на социјалните медиуми. Актуелната ТВ реклама може да ја видите на видеото во продолжение:

Истовремено се организираат голем број промоции, активности и изненадувања за потрошувачите низ цела Македонија, во продажните места и кафулиња каде што се продава „Цевитана“. Особено сакаме да ги истакнеме настаните Цевитана bubble footballза коишто овозможивме да се организираат за прв пат во Македонија. Повеќе информации за овој настан може да видите подолу:

Нашите планови за периодот што следува се промоција на уште два нови ТВ-спота за „Цевитана“, чијашто промоција ќе биде наскоро. Покрај овој проект на „Витаминка“, во моментов работиме и на креативни концепти за останати клиенти, како „Гранап“, „Тојота“, „Неотел“.

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ