[Дискусија] Млади, протести, полициска бруталност

Што се случи на синоќешните протести во Скопје кои избувнаа поради одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за ги аболицира политичарите против кои има кривични пријави и се водат кривични постапки? Дали полицијата употреби прекумерна сила кон демонстрантите? До кога ќе траат протестите и што треба да се менува во Македонија за таа да стане држава на граѓаните?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во студиот на Радио МОФ со гостите:

Миша Поповиќ политолог и истражувач,

Демијан Хаџи Ангелковски, активист, студент и дел од Студентски пленум,

Билјана Гинова, активистка.

Дискусијата е насловена „Млади, протести, полициска бруталност“, а започнува во 15:00 часот.

Освен аудио, најавен е и видео стрим во живо од дискусијата. Закачете се на Радио МОФ!