[Дискусија] Млади и медиуми – како до заеднички интереси?

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација Метаморфозис ве канат на презентација и дискусија на резултати од истражување, во форма на трибина, во рамки на регионалната иницијатива “Млади и медиуми во Југоисточна Европа”.

[Дискусија] Млади и медиуми - како до заеднички интереси?

Трибината ќе се одржи на 5-ти март (среда), 12:00 часот, во Клуб на новинари во Скопје.

Презентација на резултатите од истражувањето ќе обезбедат координаторките на регионалната иницијатива, Елена Игнатова од Метаморфозис и Моника Божиноска од МОФ, а свое видување за детектираните проблеми и свои предлози за надминување на предизвиците ќе споделат:

Зорана Гаџовска, новинар во Радио Слободна Европа
Дарко Булдиоски, основач и директор на NewMediaMk
Неда Коруновска Аврамовска, претседател на Реактор – истражување во акција
Зоран Бојаровски, новинар во ТВ Алфа
Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум

Ова се само дел од темите кои ќе бидат анализирани и дискутирани на настанот:

– застапеноста на младите и младинските теми, проблеми и потреби во медиумите;
– перцепциите и односот на младите кон традиционалните и кон новите медиуми;
– соработката меѓу медиумите и младинските организации;
– слободата наспроти стравот за младинско изразување преку медиумите;
– учеството на младите во креирањето медиумски содржини;
– вкусовите и потребите на младите како публика, во однос на квалитетот на медиумските содржини кои им се нудат;
– медиумската писменост, говорот на омраза, пропагандата;

Во интерес на намалување на јазот меѓу младите и медиумите, ве покануваме да ја посетите трибината и да се вклучите во дискусијата.

Погледнете го извештајот од истражувањето спроведено во Македонија на следниот линк.