Директор на училиште со незаконски превоз на ученици го оштетил буџетот за 37 000 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.С.(54) директор на ООУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски брод за злоупотреба на службената положба и вршење јавен превоз без поседување лиценца. Со ваквото работење, тој го оштетил Буџетот на основното училиште за 2.3 милиони денари или околу 37 000 евра.

Директорот во периодот од 2011 до 2016 година, спротивно на Законот, дозволил превозот на учениците од нивните домови до ООУ „Свети Климент Охридски“ да се врши со комбињата во сопственост на училиштата ООУ„Свети Климент Охридски“ и СОУ „Свети Наум Охридски“, иако и основното и средното училиште за комбињата немале лиценци за посебен линиски превоз и превоз на ученици.

За превозот на ученици, директорот во годишните финасиски планови на расходи, на ставката превозни услуги во образованието, предвидувал поголеми износи на парични средства со кои ги покривал трошоците за незаконски организираниот превоз на ученици.