Диџеј Галоски ќе снима за „Armada Music“, издавачката куќа на Armin van Buuren

Македонскиот диџеј Галоски повторно ќе снима за „Armada Music“, издавачката куќа која е во сопственост на еден од најголемите диџеи во светот Armin van Buuren.

За новото издание веќе се спрема видео запис во Белград, соопшти Галоски кој е едно од ретките диџејски имиња од овој регион на Европа што успева константно да биде дел од светските диџејски плејлисти и врвни издавачки куќи. Само минатата година неговите изданија се најдоа на радио емисии кај светски познати имиња како Hardwell, Avicii, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike, Afrojack, Nicky Romero.

На самиот почеток на годината тој има закажана турнеја во Азија, за крајот на февруари и настап заедно со супер-стар диџејот Афроџек во март во Љубљана.

„Годинава сакам да ги поместам сите граници со настапи на страна на сите најголеми настани ширум светот, да бидам дел од најголемите издавачки куќи и да оставам посебен белег и инспирација за новите генерации дека со џебови полни соништа и напорна работа сѐ е возможно“, вели Галоски.