ДИЦ: Поднесени 2855 приговори за резултатите од екстерното

Во јунската сесија се поднесени 2855 приговори за резултатите од екстерното тестирање, соопштија од Државниот испитен центар информира. Оттаму посочуваат дека заврши процесот на поднесување приговори на резултатите од тестирањето од јунската сесија.

„Прифатени се 17,09%, делумно прифатени се 26,34% од приговорите,а повеќе од 50% од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се разрешуваат во комуникација со училиштата. А забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор“, посочуваат од Центарот.

Најголем број од приговорите се поднесени за предметите: математика, македонски, информатика и биологија. Од ДИЦ додаваат и дека прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат корегирани или избришани од базата на прашања.