ДИЦ ќе прима соработници среднисти, да ги проверуваат екстерните испити на средношколците

Државниот испитен центар објави оглас за надворешни соработници/набљудувачи на процесот за екстерна проверка на знаењето на средношколците. Се бараат 156 соработници, а можат да имаат завршено најмалку средно образование.

Кандидатите кои конкурираат за набљудувачи, треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да имаатзавршено најмалкусредно образование; да не се осудени со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор, подолго од шест месеци. Според тоа, испитите на средношколците  ќе ги проверуваат и среднисти.

Конкурсот трае вкупно пет дена, односно уште четири. Примените соработници би почнале со работа од д 23 до 27. 01. 2017 година, за главната јануарска сесија за екстерна проверка, а за својот ангажман ќе земаат надомест од 600 денари на ден.