„Девојката со пирс“ – новиот мурал на Бенкси во Бристол веќе е оштетен

Уличниот графити уметник Бенкси (Banksy), објави фотографии од неговото ново дело насловено „Девојката со пирс“, како преработка на позната слика на Јоханес Вермер „Девојката со бисерна обетка“, но заменувајќи ја обетката со аларм за безбедност. Муралот се појави во неговиот роден град Бристол, Велика Британија, но само еден ден подоцна беше оштетен.

„Девојката со пирс“ е новиот мурал на уличниот уметник Бенкси

„Девојката со пирс“ е новиот мурал на уличниот уметник Бенкси

Муралот, како што може да се види и на постовите на Твитер, утрово бил испрскан со црна боја, јавува Independent, без да открива повеќе детали за настанот.

Кој е всушност Бенкси и како еволуираше?

Бенкси е псевдоним позади кој стои британски уметник за графити, политички активист, режисер и сликар чиј идентитет се уште не е познат за јавноста. Неговата сатирична улична уметност го комбинира црниот хумор со графитите.

„Девојката со пирс“ е новиот мурал на уличниот уметник Бенкси

Работата на Бенкси има белези од Бристолската андерграунд сцена. Според авторот и графички дизајнер, Тристан Манко и книгата „Доме, слатки доме“, Бенкси е роден во 1974 година и израснат во Бристол, Англија.

Некои аналитичари неговиот стил го споредуваат со оној на Блек ле Рат кој исто така користел матрици. Бенски во анонимни интервјуа има изјавено дека бил инспириран од графити уметник наречен „3Д“ кој подоцна стана основач на групата „Massive Attack“.

Познат  по честите критики на владата, Бенкси своите графити ги објавува на јавно видливи површини како што се ѕидови, дури и создава свои реквизитни парчиња. Тој не ги продава своите фотографии и не прави репродукции на неговите улични дела, но уметничките акционери постојано се обидуваат да ја продадат неговата улична уметност.

„Девојката со пирс“ е новиот мурал на уличниот уметник Бенкси

Првиот филм на Бенкси, „Излез преку продавницата за подароци“ беше најавен како „првиот светски филм за катастрофата на уличната уметност“, кој првпат се прикажа на Санденс филм фестивал во март 2010. Во јуни, истата година, беше номиниран за Оскар за најдобар документарец. Во 2014 година беше прогласен за личност на годината на овогодинешните награди Веби.

„Девојката со пирс“ е новиот мурал на уличниот уметник Бенкси