Девојка се самозапали во Градскиот парк во Скопје

Девојка на возраст од 25 до 30 години се замозапалила во Градски парк во Скопје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од добиената пријава, телото на девојката е пронајдено во Градскиот парк, на паркингот, во близина на ресторанот „Балканика“. Од МВР велат дека екипата на итната медицинска помош константирала смрт кога пристигнала.

МВР нема одговор на прашањето дали овој чин има некаква порака и зошто се случил настанот и информираат дека наскоро ќе се врши увид.