Ученичка со петиција успеа да се приклучи во програма за роботика „само за машки“

Деветгодишната Cash Cayen од градот Тиминс во североисточниот дел на Онтарио, Канада, успеа да се приклучи во програмата за роботика која претходно беше наменета само за машки. Таа со петиција успеа да им ја овозможи оваа шанса и на сите други девојчиња кои го посакуваат тоа.

После три дена и 27 000 потписи, градоначалникот на Тиминс, Steven Black соопшти дека Cash и која било друга девојка заинтересирана за програмата ќе може да учествува.

Откако јавната библиотека во Тиминс ја одби пријавата на девојчето со објаснување дека програмата е наменета „само за машки“, таа и нејзината мајка покренаа петиција на Change.org. Таа објаснува како раководителот на библиотеката кажал дека научната програма не дозволува учество на девојки, бидејќи машките академски и писмени вештини не се подобрувале во текот на летниот распуст.

Ова објаснување не било доволно за девојчето и нејзиното семејство, а нејзината петиција доби внимание повеќе од очекуваното.

Мајката на девојката напиша:

„Нејзината цел првично беше да собере десет потписи, а потоа прераснаа во 100, а кога ова утро виде дека има повеќе од 1000 поддржувачи таа беше воодушевена и рече дека сега треба да им дозволат и на девојчињата да учествуваат“.

Коментари за случајот на ова девојче пристигнаа и од други граѓани кои се занимаваат со наука. Такви се зборовите на жена инженер која работи во Њујорк и која даде големо охрабрување.

„Јас имам ќерка која учествува во клуб за роботика, јас сум технолог и сум свесен за недостатокот на жени кои се решаваат технологијата и науката да бидат нивни професии. Ние треба да го поттикнуваме и да го поддржиме нивното учество уште од најрана возраст“, напиша друг родител.