Деветти протест во Скопје, демонстрантите пред Собрание бараат „Слобода“

Со плакати на кои пишува #Протестирам и Шарена револуција, демонстрантите кои и денеска во 6 часот попладне се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, тргнаа кон Собранието.

Тие ги повикуваат останатите граѓани да им се придружат и скандираат „Слобода“ „Готово е Никола“, „Затвор за фашистите“.

Барањата на демонстрантите се оставка од Иванов, повлекување на аболицијата, одложување на изборите најавени за 5 јуни, но и вклучување на претставници на граѓаните идни преговори за излез од политичката криза.

Освен во Скопје, протести се одржуваат во десетина градови низ земјава, како Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Охрид, Кавадарци.

Протест во Велес

Протест во Велес

Инаку истовремено контра-протести организирани од ГДОМ- Граѓански движење за Македонија ќе има во Прилеп, Велес, Кавадарци, Битола и Охрид.