Детско „Кино утро“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од 9 до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филмски остварувања за деца. Сите проекции ќе почнуваат во 12 часот напладне.

Програмата на „Кино утро“ ќе биде отворена на 9 јануари со проекцијата на филмот „Мравко“. Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари.

На 10 и на 16 јануари ќе се прикажува филмот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари – „Мармадјук“, а на 13 и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.