Десетта меѓународна конференција „е-Општество.мк“ на 11 декември

Јубилејната десетта меѓународна конференција „е-Општество.мк“, која оваа година ќе биде на темата: „Човекови права на интернет – Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“, ќе се одржи на 11 декември во Сити Хол во Скопје.

Конференцијата  се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.

Конференцијата ќе опфати теми како што се слобода на изразување и млади, говор на омраза на интернет, приватност, како и заклучоци и препораки за идни чекори.

Сите кои се заинтересирани за учество на конференцијата треба да се регистрираат со пополнување на формуларот за регистрација најдоцна до 14.00 часот на 5 декември.

Сите детали за конференцијата, како и агендата, ќе ги најдете на: www.e-society.mk.