Десетгодишно момче измисли направа која спасува деца од топлински бранови кога родителите ги оставаат во автомобилот

Според статистиките, од 1998 година, околу 712 деца починале од топлинки бран само во САД, бидејќи родителите ги оставиле во вжештени автомобили. Но, благодарение на 10-годишниот Бишоп Кари од МекКини, Тексас, сега има уред за превенција на вакви трагични случаи.

Ученикот во петто одделение измислил направа наречена Оаза, паметен уред кој ја надгледува температурата во возилото. Кога ќе стигне до многу високо ниво, испушта ладен воздух, а истовремено и ги алармира родителите, полицијата и итната помош преку антена.

Идејата за Оаза, Бишоп ја добил откако дознал дека 6-месечното бебе на неговите соседи починало бидејќи било оставено во вжештен автомобил. Иако моментално има само тродимензионален модел од глина, тој и неговиот татко досега успеале да соберат повеќе од 24.000 долари за нивниот изум на GoFundMe. Парите ќе бидат искористени за фабричко производство на уредот, како и за негово патентирање.