Десет градови се вклучија во собирање на потписи за поддршка на децата со посебни потреби

Додега над шест илјади граѓани се потпишаа на иницијативата од неколку невладини здруженија со која бараат подобри услови со кои би го олесниле животот на лицата со посебни потреби.

За да влезе оваа иницијатива во собраниска процедура, потребни се 10 илјади потписи. Во Скопје од денес до 28 април, потписи се собираат во просториите на „Дајте ни крилја“, Ресурсен Центар и аулата на Филозофскиот факултет, од 10 до 15:00 часот.

Покрај Скопје, книги за потписи има и во следните градови:

Штип – на градскиот плоштад, од 12 до 17 часот.

Куманово – на градски плоштад, од 25-28 април, од 12 до 17 часот.

Велес – пред Народниот Театар, од 11 до 18 часот.

Крушево – во Градски парк, од 10 до 12 часот.

Струмица – пред Градска библиотека, од 25 до 28 април, од 10 до 17 часот.

Гостивар – пред продавница Монте Негро (до ПЗУ Др. Гордана Миркоска), од 25 до 28 април од 12 до 17 часот.

Неготино – Градска бибилотека од 11:55 до 17 часот.

Гевгелија – Дневен центар-Мајка Тереза, од 09 до 17 часот.

Радовиш – Градски плоштад, 11:55 часот.