Денови на образование и кариера
Вести, Во Фокус, Образование, 25 април 2012.
Оваа година јубилејно по 15ти пат се одржуваат Деновите на образование и кариера од 25- 28 април на кој ќе земат учество 45 организации од државата и странство. Со ова на идните студенти ќе им биде овозможено да се запознаат со студиските програми на високообразовни институции од Македонија и од странство. На саемска површина од 2.000 метри квадратни ќе биде презентирна понудата за студии и образовните програми на петте државни универзитети и на речиси сите приватни универзитети од Македонија, а ќе учествуваат и голем број странски изложувачи. Првпат на саемот ќе имате можност да го посетите и штандот на Американските катчиња во Македонија од Скопје, Битола, Тетово, Струга и Штип кои ќе ве информираат за програмите на американските катчиња како и можностите за средношколска размена и стипендиите кои ги нуди Американската амбасада на граѓаните на Република Македонија. За да можете полесно да се запознаете со програмите на американските катчиња во регуларната програма на саемот се закажани три презентации за студиските можности во Америка и тоа:
Среда, 25ти април од 14:00 – 14:45
Aмериканска Амбасада и Американски катчиња, Македонија
Презентер: Газменд Иљази, Американска Амбасада, Гордана Мирчиќ и Невенка Стефановска, Американско катче Скопје
Тема: Стипендии од Американската Амбасада и можности за размена; советување за
студии во САД
Четврток, 26ти од 15:00 – 15:45
Американски катчиња Македонија
Презентери: Гордана Мирчиќ и Сандра Арифи, Американско катче Скопје и Тетово;
Бојан Србиновски, ученик од НОВА, добитник на стипендија и иден студент на МИТ универзитетот во Америка
Тема: Како да обезбедите стипендија од американските универзитети преку бесплатните советувања на американските катчиња во Македонија
Четврток, 26ти од 15:00 – 15:45
Американски Совети за образование
Презентер: Велика Ангелкова
Тема: Програмите за размена на Американските Совети за образование
Работното време на саемот е од од среда до петок од 10 до 20 часот и сабота до 18.













