Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје

Заедницата на Хрватите во Македонија, во соработка со Хрватскиот аудиовизуелен центар и Кинотека на Република Македонија, организира Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје на 5, 6 и 7 декември.

Во овие три вечери публиката ќе има можност да гледа избор од најновите хрватски документарни филмови, а темите кои ќе ги потегнат овие филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциите.

Ќе се прикажуваат филмовите „Деца на транзицијата“, „Облак“, „Голи“ и „Туризам“. Програмата со нивниот распоред може да ја погледнете на следниот линк.

Влезот за проекциите е слободен.