Ден за искоренување на сиромаштијата – Ставање крај на сиромаштијата во Европа? Секако дека можеме!

По повод денешниот Меѓународен ден на Обединетите Нации за искоренување на сиромаштијата, од Европската мрежа против сиромаштијата ја повикаа Европската Унија да се ангажира за ставање крај на сиромаштијата. 

Нивното соопштение, во продолжение, го пренесуваме во целост:

На 17.10.2017, Меѓународниот ден на Обединетите Нации за искоренување на сиромаштијата, Европската мрежа против сиромаштијата (ЕАПН) ја повикува Европската унија да и стави крај на сиромаштијата! Справувањето со сиромаштијата значи обезбедување подеднакво учество на сите нас во општеството и имање достоинствени услови за живот. Во спротивно, претставува кршење на човековите права – ги повикуваме сите луѓе и политички институции да се ангажираат за создавање еден свет без сиромаштија и социјална ексклузија.

„Триесет години спиев каде ќе најдам и никој не ми нудеше решение за проблемот… Во 2007 година добив самодоверба… добив шанска како делегат на ЕАПН… За мене тоа беше песвртница … Сите сиромашни луѓе сакаат да бидат вклучени во одлуките кои влијаат на нивните животи“ изјави Мајкл Меки, член на одборот на ЕАПН Ирска.

Пред 3 недели беше оддржана двегодишнината од потишувањето на Целите за одржлив развој, во кои државите делуваа со цел и стават крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, а денес нам ни е редот да застанеме заедно со лицата кои живеат во сиромаштија. Искоренувањето на сиромаштијата претставува политички избор!

„На повидок е извесна надеж. Разговорите за иднината на Европа претставуваат можност на ЕУ да покаже дека се грижиме за 25% граѓани кои живеат во ризик од сиромаштија. Тоа е сценариото кое треба да ги покрене целопупните дискусии. Тоа е можност која ќе покаже дека си ги препознаваме грешките и треба да го рестартираме европскиот проект кон својата првобитна цел: мир и социјална кохезија. Во ноември оваа година ќе се конкретизира еден важен чекор кон искоренување на сиромаштијата. Социјалниот самит во Гетеборг мора да ја покаже политичката одлучност за преземање конечен чекор напред во оваа насока преку договор за задолжително спроведување на Европскиот столб од социјални права – и не само за еврозоната“ вели Сергио Аирес, Претседател на ЕАПН.

Столбот мора да се спроведе со добро партиципативно управување вклучувајќи го и граѓанското општество, како и лицата најмногу засегнати од тековното немање човекови права. Мора да се поддржи со соодветно финансирање, да им овозможи на владите да инвестираат во соодветни системи за социјална заштита, квалитетни услуги и работа, како и крај за мерките за штедење. Пред сé мора да води кон конкретно позитивно подобрување во реалниот живот на луѓето кои живеат во сиромаштија ширум ЕУ.

„Зголемување на нивото на социјалните бенфиции би било најзначајно за намалувањето на сиромаштијата. По подмирувањето на режиските трошоци, од малата пензија не ви остануваат доволно пари за храна и лекови. Сега треба да бирам дали да си купам храна или лекови“ изјави член на ЕАПН Финска.

Оваа година особена радост ни преставува што се обединивме со кампањата #StopPoverty на нашиот член ATD Fourth World и нудиме нов начин за следење иницијативи за борба против сиромаштијата онлајн, на овој меѓународен ден.

„Сега луѓето кои живеат во сиромаштија можат да бидат сигурни дека не се сами. Нивниот непопустлив отпор кон неправдите продолжува во сенка секој ден. На овој меѓународен ден, кога ќе излезат во јавност, може да ги охрабри фактот кога ќе видат дека луѓето од сите сфери на животот одлучиле да застанат заедно со нив“ вели Изабел Пајперт Перин, Генералната директорка на ADT Fourth World International.

* Европската мрежа против сиромаштијата (ЕАПН) е најголемата европска мрежа од национални, регионални и локални мрежи, која вклучува и НВО и групи од активисти на терен, но и европски организации, активни во борбата против сиромаштијата и социјалната ексклузија. Основана е во 1990 година. За повеќе детали околу нивните активности по повод денешниот ден на овој ЛИНК.