Ден на Мајкрософт – „Бидете иницијатор на промени“

Претставници на граѓанскиот сектор ги подобруваат ИКТ вештинитe и се запознаваат со употребата и можностите на програмите на Мајкрософт за донирање софтвер на конференција на Мајкрософт посветена на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“, што се одржува денеска во Скопје.

Ден на Мајкрософт за НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“

– Ова е продолжување на нашите напори за оспособување на организациите да користат што е можно повеќе технологија и како продолжување на нашите тековни проекти во кои преку менторство и обуки ги обучуваме да користат технологија во нивните активности, изјави Елена Игнатова од Фондацијата „Метаморфозис“, пренесува МИА.

Според неа, од граѓанските организации има голем интерес за користење на новите технологии, иако претежно ги користат социјалните медиуми за споделување на своите активности. – Би можеле да користат понапредни технологии. Се надеваме дека во иднина ќе успееме да ги мотивираме да користат и понапредна технологија, како и да ги подобрат нивните веб страници, наведе Игнатова.

Програмскиот менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово, Влора Адеми информира дека преку програмата Youthspark се помага на младите при примена на технологијата во различни области.

Се промовира програмата за донации на софтвер за невладини организации. Мајкрософт Македонија лани донираше софтвер во вредност од 320 илјади долари и повеќе од 600 лиценци, изјави Адеми.

Настанот е во организација на Локалната канцеларија на Мајкрософт – Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис.