Демант за делови од текстот „Заштитената парк-шума Водно незаштитена од институции и узурпатори“

Томе Костадиновски преку својот полномошник испрати писмо до Радио МОФ, кое се однесува на делови од содржината на текстот „Заштитената парк-шума Водно незаштитена од институци и узурпатори“, објавен на 8 април 2017 година.

Со писмото е наведено дека г. Томе Костадиновски демантира дека има причинето штета во парк-шумата Водно и се истакнува дека со правосилна судска одлука во прекршочна и кривична постапка не е утврдено дека тој причинил штета во парк-шумата Водно.