Дебатери-затвореници го победија тимот на Харвард

Тројца затвореници од американски затвор со максимално обезбедување во државата Њујорк неодамна го победиле тимот на угледниот универзитет Харвард, во едночасовна дебата на тезата „Јавните училишта во САД би требало да имаат можност да одбијат запишување на ученици кои немаат документи“.

Затворениците се учесници во посебна иницијатива со која се образуваат луѓето кои се во затвор, за да можат да добијат дипломи и попродуктивно да го поминат времето зад решетки. Имајќи ги предвид потешкотиите во студирањето во затвор, никој не очекувал затворениците да победат во оваа дебата.

Учесниците на оваа иницијатива немаат пристап до интернет, а можат да побараат пристап до книги и статии, кои понекогаш ги чекаат и со недели.

„Не фатија неподготвени“, изјавила членката на тимот од Харвард, Anais Carell. Дел од академската заедница изразила сомничавост во победата на затворениците, велејќи дека судиите веројатно им ја доделиле од сожалување.

Но, судијката Mary Nugent изразила спротивно гледиште:

„Не мислам дека некогаш можеме да судиме без во одлуката да го вклучиме контекстот или тоа каде се наоѓаме. Но, идејата дека некому би ја доделиле победата само од сожалување се вклопува во некои прилично погрешни претстави за затворениците. Нивното академско умеење е импресивно“, вели таа.

Alex Hall, член на затворската дебатерска иницијатива, е во затвор за убиство без предумисла. Тој вели дека луѓето не знаат за затворската дебатна иницијатива, па ова ќе биде добар начин да се привлече вниманието на јавноста.

„Ние можеби не сме природно реторички надарени, но работиме многу напорно“, вели Hall.

„Навистина сме почестени со оваа можност. Ова прави да веруваме во себе“, вели Carlos Polanco, уште еден затвореник-дебатер.

T