Дебатата за државниот испит се сели во Собранието, и натаму без Професорскиот и Студентскиот пленум

Наместо, како што беше најавено викендов, средбата помеѓу Министерството за образование и наука, Интеруниверзитетската конференција и професорите кои се поддржувачи и кои имаат контрааргументи за реформите во високото образование да се одржи во хотелот „Александар палас“, таа ќе се пресели во Собранието.

Пред почетокот на дебатата околу државниот испит, на која претставниците на Професорксиот и на Студентскиот пленум, која беше закажана за 13.30 часот, на влезот на хотелот „Александар палас“ додека дел од професорите даваа изјави, пристигнал премиерот Никола Груевски, кој ги поздрави професорите и ги повика да влезат на дебата.

Професорите истакнаа дека не го прифаќаат „туристичкиот начин на водење дебата во хотел“ и дека сакаат квалитетна расправа која ќе се води на универзитетите, по што премиерот ги повика професорите заедно да појдат на дебата во Собранието на Република Македонија.

Професорите најавија дека ќе одат пред Собранието каде што повторно ќе одржат прес-конференција.

Законите за високо образование се ставени на комисиска расправа во Собранието на 8 овој месец, каде што пратениците ќе го разгледаат текстот во второ читање.

Извор: Телеграф