Дебата во живо: Каков специјален обвинител и е потребен на Македонија?

Започна дебатата што ја организира фондацијата Отворено општество – Македонија на тема „Каков специјален јавен обвинител ѝ е потребен на Република Македонија?“.

Нејзе ја модерира Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права, а на темата говорат Жарко Трајаноски, Мирјана Најческа, Гордан Калајџиев и Слаѓана Тасева.

Дебатата посветена на специјалниот јавен обвинител ќе ги отвори темите за општествено – политичкиот контекст кој резултираше со потпишувањето на договорот и протоколот од Пржино; уставно – правните предизвици во формирањето на специјалното јавно обвинителство; компаративните искуства при отворањето специјални пра восудни институции; како и за предизвиците во поглед на законските и практичните импликации во релевантните правосудни сфери, надлежностите, одговорноста, опсегот на работа, тимот и временската рамка на работењето на специјалниот јавен обвинител итн.

Целта на дебатата е да се слушнат позициите на различните претставници на граѓанскиот сектор, практичарите и стручњаците, во поглед на предизвиците кои со себе ги носи овој сосема нов и значаен концепт за обновување на владеењето на правото во Република Македонија.

Директен пренос од дебатата може да погледнете овде.