Дански филмски фестивал
Вести, Култура, 10 април 2012.
Вчера во Кинотеката на Македонија започна првиот фестивал на Дански филмови во Република Македонија. Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија“ беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург.
“Наша цел е да ги прикажеме филмовите со кои што се гордееме” – вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за филмски активности за време на Данското Претседателството со Европската Унија. Фестивалот се организира по повод седмото претседателство на Кралството Данска со Европската Унија и ќе трае 4 дена, од9 до 12 април 2012 г. Македонските љубители на филмот ќе имаат можност да го доживеат Данскиот филм сосета своја разноликост.
Фестивалот се отвори на 9 април 2012 г. Во 20.00 часот со филмот кој во 2011 година ја доби наградата Оскар за филм од не-англиско говорно подрачје: „Во подобар свет“, по што ќе бидат прикажани уште еден оскаровец од 1988 г: „Гозбата на Бабет“(10 април 2012 во 22.00 ч.) и филмот-добитник на наградата „Кристална мечка“ во категоријата најдобар филм за млади на „Берлинскиот филмски фестивал“ во 2006 г.: „Ќе надминеме“(11 април 2012, 20.00 ч.). Фестивалот ќе се затвори со проекцијата на документарен филм, вистинска приказна за поранешни богаташки кои денес едвај составуваат крај-со-крај: „Добар живот“ (12 април 2012, 20.00 ч.).
Настанот е организиран од страна на Амбасадата на Кралството Данска од Виена под покровителство на компанијата Алкалоид АД Скопје, чиј генерален директор, г. Живко Мукаетов, е и генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија.
Влезот е бесплатен за сите проекции.













