Дали слетавме на Месечината? – предавање на ФЕИТ

Дали слетавме на Месечината?“ – ова е една од најголемите енигми во астрономијата, што скоро 40-тина години ги инспирира луѓето да истражуваат и да пишуваат за неа.

Токму на оваа тема ќе се зборува на предавањето што го организира Скопското астрономско друштво, кое ќе се одржи во четврток во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии, со почеток од 20 часот.

На предавањето ќе бидат проанализирани многу од конспиративните теории, кои велат дека човекот никогаш не ја посетил Месечината, потоа зошто поткрепувачите на овие теории веруваат во ова тврдење, но и научните докази кои го тврдат спротивнoто.

„Ќе дознаете зошто се вее, или не, американското знаме на површината на Месечината, зошто астронаутите имаат повеќекратни сенки, како се снимени дел од кадрите при полетувањето на лунарниот модул и многу други интересни теории, кои треба на едноставен начин да го разјаснат ова интересно прашање“, велат од друштвото.

Предавањето чини 100 денари, а за членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (посетителот треба да покаже членска карта или индекс).