Дали личиш на Мона Лиза? Гугл апликација која го наоѓа вашиот двојник во уметничките дела

Апликацијата на Гугл за уметност и култура (Google Arts and Culture) стана најпопуларната бесплатна апликлација викендов во САД откако преку нова надградба овозможува корисниците да ги споредат своите „селфи“ фотографии со каталогот на познати уметнички дела.

Софтверот користи компјутерска визуелна технологија која ги наоѓа сличностите помеѓу фотографиите на луѓето и уметничките дела од 1.200 светски музеи, галерии и институции.

Со новата надградба корисниците корисниците ќе можат да ги истражат и познатите уметнички дела во детали, да направат виртуелни тури на музеите и да ги пребаруваат делата според времето и бојата. Посетителите на музеи ќе можат да направат фотографии во одбрани галерии преку опцијата „Препознавач на уметност“ со што ќе добијат информации за изложбата.

Оваа нова можност на апликацијата засега е ограничена само на некои региони од светот. Иако се обидовме да ја тестираме, споредувањето на фотографии со уметничките дела во моментов, за жал, не е достапно во Македонија.

Во продолжение ви прикажуваме некои од најдобрите (и најлошите) споредби кои беа споеделени на Твитер.