Дали демократијата умре или таа вака се раѓа?

Вести, Во Фокус, Граѓани, 24 декември 2012.  |  5 коментари

Дали демократијата умре или таа вака се раѓа?

фото: Дневник

Политичката состојба во земјата, по неколку месеци „крчкање“, вистински зовре изминатата недела. Македонија влезе во длабок политички вртлог, а денешните настани пред и во Собранието, по се изгледа нема да бидат последните драматични  случувања на кои ќе бидеме сведоци. Атмосферата експресно зовре во земјата чии граѓани подзаборавија дека демократијата понекогаш се практикува и на улица.  Со години потиснуваната негативна енергија која тлееше меѓу двете главни политички струи се истури на улиците, а приврзаниците на двата табора како едвај да дочекаа да се фатат за гуша.

Двете спротивставени групи што се тепаа и навредуваа пред Собранието се составен дел од една тажна и поразувачка парадигма за македонското општество. Но, најголемата група и натаму е онаа во која спаѓаат обичните граѓани, оние кои денеска го поминаа цел ден покрај компјутерите и телевизорите во исчекување на епилог од неочекуваната политичка драма. Епилогот на крајот дојде во изгласувањето на најважниот документ во државата во полупразната собраниска сала, во која немаше опозиција ниту новинари.

Во денот кој донесе лавина од насилство, спротивставени информации и крајно различни толкувања (во зависност од тоа кој медиум го следите), до најчистите крајни заклучоци  можеби ќе не одведе разгледувањето на работите од мала дистанца и по хронолошки редослед:

1. Непосреден повод за експлозијата на насилство (институционално и физичко) беше блокадата на донесувањето на буџетот во Собранието од страна на опозицијата. Опструкцијата таа ја спроведе со поднесување огромен број амандмани – метода што со месеци ефикасно ја демонстрира партнерот на ВМРО – ДПМНЕ во власта, ДУИ, во расправата за Законот за бранители. Опозицијата подготви план за штедење на 204 милиони евра во буџетот, за кои тврди дека власта ги планира за непродуктивни трошоци и луксуз. Најави дека ќе ги повлече амандманите, доколку Владата прифати да штеди. Од друга страна, владејачката партија застана на став дека со блокадата на буџетот, опозицијата ја урива државата и им ги ускратува парите кои им следуваат на пензионерите, примателите на социјална помош, земјоделците, студентите, уметниците… Двете страни непопустливо опстојаа на своите ставови, додека во изминатите денови се организираа низа протести против опозицијата, на кои се бараше заминување на Бранко Црвенковски од политиката. Демонстрантите се обединија во „Фронт за Македонија“.

фото: Ѕвонко Плавевски / Џото Бе Брат-  Фејсбук

фото: Звонко Плавевски / Џото Бе Брат- Фејсбук

2. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изминатиот викенд го врати буџетот на разгледување во Владата, која на експресна седница, со мали модификации го усвои и го врати во Собранието, овојпат заобиколувајќи ја Комисијата за финансирање и буџет. Буџетот се најде директно на пленарна седница. Овој начин на усвојување на буџетот досега не е забележан во парламентарната пракса, а опозицијата го отфрли како „уривање на Уставот,  деловникот и законите“.

3. Приврзаниците на власта и опозицијата во ист ден најавија протести пред Собранието. Во тензична атмосфера и со силно полициско обезбедување, двете групи се држат на одстојание, додека разменуваат навреди, камења, јајца и јаболка. Околу дваесет учесници во протестите и 11 полицајци се повредени.

Дали демократијата умре или таа вака се раѓа?

фото: Твитер

Нервозата и тензиите пред Собранието на моменти беа опасни и за новинарите, а тоа се гледа и од овој испад на Стевчо Јакимовски кон новинарот на Сител:

4. Откако се обидоа да го спречат почетокот на пленарната седница, опозициските пратеници го опколија претседателот Вељаноски, а тој беше изнесен од салата. По ова, Вељаноски наредува да се избркаат новинарите од Собранието, а веднаш потоа отстранети се и пратениците од опозицијата.

На бркањето на новинарите од собраниската сала реагираше  претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој овој чин го нарече „пресметка на власта со медиумите“.  Управниот одбор на ЗНМ одлучи„ да ги прекине разговорите со Владата се додека не се врати уставниот поредок во Македонија и извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети согласно законот“.

5. За само половина час, владејачкото мнозинство во собраниската сала го изгласа буџетот за 2013. Опозицискиот лидер Црвенковски соопшти дека опозицијата се повлекува од работата на Собранието и ги повика приврзаниците на граѓанска непослушност.

За првпат по повеќе години, Македонија е тема во медиумите во регионот, но и на светските мрежи:

Драматичните настани кои ја раздвижија македонската политичка сцена ќе бидат предмет на детални анализи во следните денови. Во меѓувреме, останува отворена дилемата: Дали денеска бевме сведоци на умирањето на демократијата во Македонија или уште ги чувствуваме породилните маки на нејзиното раѓање?

 

Жарко Настоски

Користени видеа од Al Jazeera, A1on.mk, Brif.mk, Press24.mk, фотографии на Дневник, Звонко Плавевски (Џото Бе Брат/Фејсбук)

 

Одговори

  1. Цвечка says:

    25 декември 2012at 00:08(#)

    УмрЕ Чумрит

  2. Gorica says:

    25 декември 2012at 10:04(#)

    Ова е најобјективен приказ на настаните што можев да го видам. Постарите може да учат од вас. Има надеж за демократијата.

  3. Бардилјан says:

    25 декември 2012at 10:42(#)

    Адидас патики – ЗАКОН !!

  4. Journalists, Opposition Thrown Out of Macedonian Parliament Amid Street Protests · Global Voices says:

    25 декември 2012at 11:57(#)

    […] Radio MOF provided this short summary […]

  5. Journalists, Opposition Thrown Out of Macedonian Parliament Amid Street Protests · Global Voices на македонски says:

    22 март 2013at 12:38(#)

    […] Младинското Радио МОФ објави кратко резиме: […]

Оставете Коментар


Слушај со Windows Media Player Слушај со Winamp Слушај со BSplayer Слушај со Foobar




Кликнете на портокаловото копче за слушање. Алтернативно - слушајте Радио МОФ со некој од плеерите погоре.

Биди дел од Радио МОФ, закачи се:

Слушајте на Радио МОФ!

00:00 – 07:00 Ноќна програма

07:00 – 08:00 Ambient

08:00 – 09:00 Lounge Chill

09:00 – 13:00 Time for Jazz

13:00 – 14:00 Закачи се Делфина

14:00 – 19:00 Oldies but goldies

19:00 – 23:00 Закачи се делфина

23:00 – 00:00 Milonguero radio (Музичка емисија)



Биди ни пријател

Следи не на Twitter

Фотографии

Радио Слободна Европа