Дали аболирате криминалци во ЕУ? – Протестирам пред Советот на ЕУ во Брисел

Непосредно пред вчерашниот состанок на Советот на Министри за надворешни работи на ЕУ, Македонската заедница во Белгија со собир пред Советот, за да даде поддршка за Протестирам и Шарената револуција, но и да побара одржување на земјата на агендата на разговорите на министерскиот состанок.

Присутните ја скандираа добро познатата парола, „Нема Правда Нема Мир“, но и „Дали аболицирате криминалци во ЕУ?“. Со протестниот собир тие побараа од Советот на ЕУ воведување ефективни индивидуални санкции против членовите на владејачката партија и нивните соработници, поддршка на мирните граѓански протести и поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство. 

Целта, додаваат, беше и да се информираат останатите граѓани во Европаза актуелната криза во Македонија, како и да се подигне свеста за сериозноста на ситуацијата.

На собирот се приклучи и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, г-динот Ерван Фуере, кој разговараше со присутните на протестниот собир за нивните погледи кон улогата на ЕУ во изнаоѓање на можни решенија на политичката криза. Тој и во Брисел ја изрази својата подршка за граѓанскиот активизам.

Ова е втор протестен собир на македонските граѓани во Брисел. Првиот се организираше пред Амбасадата на Република Македонија во Белгија и Претставништвото на Македонија во ЕУ.

Протестирам Белгија најави и серија други собири за поддршка на граѓанските протести и информираљњ за лошата состојба на државата како последица на десетгодишниот политички режим.