„Да живеат студентите муслимани“ – нови судири на универзитетот во Истанбул

„Да живеат студентите муслимани“ и „Ние сме муслимански студенти, нема да дозволиме да не’ навредуваат“ извикувале дел од 17-те студенти од истанбулскиот универзитет кои беа уапсени од полицијата по судир со противничка група.

„Да живеат студентите муслимани“ - нови судири на Истанбулскиот универзитет

Во последните недели има жестоки инциденти меѓу приврзаниците и противниците на џихадистите.

Во факултетот за природни науки, каде што се случил судирот, биле испратени цивилни полицајци и екипи на силите за брзо реагирање. Дел од приведените студенти се полесно повредени.

Првите судири на Универзитетот избувнаа на 26 септември, кога приврзаници на групата Исламска држава (ИД) се спротивставија на антиџихадистички митинг, организиран од левоекстремистички активисти во кампус на Универзитетот во квартот Бејазит.