Црвен крст Охрид објави конкурс за расказ на тема „Препознавање на различности“

По повод одбележување на ПХВ неделата, Црвен Крст Охрид објавува конкурс за расказ и фотографија на тема „Препознавање на различности“, што се однесува на секаква различност: верска, родова, здравствена, социјална, етничка…

Насловот на расказот или фотографијата авторот ја дава сам.

Насоки за расказот: Краткиот расказ треба да содржи до 500 збора и треба да биде напишан во Њорд документ, со фонт Ариел со мак.поддршка, големина 12, проред 1.5. Насоки за фотографијата: Фотографијата треба да биде фотографирана во периодот помеѓу 20 и 30 септември 2017 г. (не смее да биде од 2015 или 2016 година. На истата не се дозволени компјутерски интервенции (разубавувања).

И расказот и фотографијата треба да прикажуваат приказна која се случила на територијата на Охрид и околината, како и да бидат авторски дела, што значи, да не се преземени од интернет и сл.

На Конкурсот можат да учествуваат млади од 12-18 години. Краен рок за испраќање на расказот и/или фотографијата е 30.09.2017 година. По завршување на конкурсот, расказите и фотографиите ќе ги прегледува трочлена стручна комисија составена од професори по македонски јазик и литература и стручен соработник, професори по ликовно образование и стручен соработник за фотографијата, која ќе ги избере најдобрите 3 раскази и фотографии.

Најдобрите 3 раскази и најдобрите 3 фотографии ќе бидат презентирани на настанот за одбележување на ПХВ неделата кој ќе се одржи на 05.10.2017 година во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“–Охрид, а за авторите ќе бидат обезбедени соодветни пригодни награди и благодарници. Најдобриот расказ и фотографија од конкурсот на општинско ниво, подоцна ќе бидат рангирани на национално ниво. За најдобриот расказ и најдобрата фотографија на национално ниво следува награда, викенд во хотел „Солферино“ во Струга за целото семејство.

Се охрабруваат сите младинци да аплицираат со своите дела на следната е-маил адреса: ohrid@redcross.org.mk

Во апликацијата треба да се наведени следните податоци: име, презиме, адреса на живеење, училиште, возраст. За дополнителни прашања и информации, заинтересираните можат да прашаат на наведената е-маил адреса или да се обратат во Црвен крст Охрид.