„Continuum“ на Игор Јосифов во Тетово

Македонскиот мултимедијален уметник Игор Јосифов, кој живее во Сан Франциско, ќе го претстави своето творештво и пред тетовчани. Од 18 до 22 јануари, изложбата ќе биде поставена во Уметничката галерија.

Станува збор за неговата збирка на уметнички дела „Continuum“ која премиерно ја претстави на 15 декември 2016 година во Младинскиот културен центар во Скопје.

Преку делата на „Continuum“, Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за трансформација.

„Continuum“ содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.

Оваа изложба во април ќе отпатува за Чикаго и ќе биде изложена во „Defibrillator Performance Art Gallery“.