Циклус предавања на популарни астрономски теми

Скопско астрономско друштво организира циклус предавања на популарни астрономски теми. Предавањата ќе се одржуваат секој четврток во периодот од 15 октомври до 26 ноември со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Предвидени се седум предавања од различни области на астрономијата. Циклусот е од популарен карактер и за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе, а темите и распоредот за предавањата се најавени по следниот редослед:

15.10 – Црни дупки
22.10 – Темна материја и темна енергија
29.10 – Астероиди: убијци или спасители на цивилизацијата?
05.11 – Вода, живот и колонизација на Марс
12.11 – Зошто астрологијата лаже?
19.11 – За ХААРП, chemtrails, знамето на Месечина и други нешта
26.11 – Земја 2.0: Потрагата по екстрасоларни планети

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари, додека блок карти за сите предавања е 600 денари. За членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари за предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс). Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.