Човек кој живее самоодржливо 20 години објаснува како се живее без јавни добра

Од улицата, куќата на Мајкл Мoбс во Сиднеј изгледа како секоја друга. Но, пред 20 години, Мајкл и неговата сопруга го транформирале својот дом во Чипендејл како експеримент за самооодржливо живеење: имаат соларна струја, резервоари за дождовница и септички систем за отпад.

Мобс се нарекува себеси „off the grid guy“. Во дворот зад неговата куќа има кокошки, пчели и мала зеленчукова градина. Дури и помага при култивацијата на заедничките градини во соседството. Парот сè уште зависи од гас за готвење, но троши помалку од 200 американски долари годишно за сметки. Мобс објаснува дека го прават истото што го прават фармерите, но сред Сиднеј.

За мене, животот на Мобс звучи како евтин сон. Бесплатна енергија, вода и храна, со сите благодети и хаос на градскиот живот преку мојот праг. Проблемот е што има голема шанса никогаш да не успеам да си купам куќа во Сиднеј или Мелбурн. Како и повеќето кираџии, не можам да си замислам да го натерам сопственикот на станот да вгради соларни панели, Тесла батерија или резервоар за дождовница.

За мене еколошка куќа – како новиот Ајфон 6, имот на крајбрежје или да имам 50000 следбеници на Инстаграм – е вон дофат. Затоа решив да поминам во домот на Мобс и да го прашам дали животот без производство на јаглероден диоксид е само луксуз резервиран за богатите „бејби бумери“, или пак и човек на дваесетина години како мене може да живее самоодржливо.

Колку пари и време вложивте во оваа куќа?

Ме жинеше околу 36000 американски долари во 1996 година, но направив многу грешки бидеји беше мој прв обид. Водата чинеше 8000 долари, одводот исто толку, а соларните панели чинеа 19000 долари. Но сега соларните панели се многу поевтини. Потребни се окоолу 18000 американски долари да почнете живот „off the grid“. Тие пари можат да се потрошат лесно на една кујна. Се работи за многу продуктивна инвестиција.

Ми требаа три години истражувања бидејќи никој (за кого знаев) го имаше направено ова претходно во град. Се најдов во многу ќор-сокаци, но кога почнав да градам, ми требаа само три месеци. Сакав се да биде едноставно, па локалните мајстори ги поставуваа и поправаа инсталациите.

Целеше ли кон тоа да направиш шаблон кој други луѓе ќе можат да го копираат?

Не сакав куќата да биде само за богати луѓе. Сакав да биде таква што сите ќе можат да го направат ова. Струјата и сметките за вода ме чинеа повеќе од 2000 долари пред да реновирам, а во последните 20 години, останаа помалку од 300 долари годишно. Така што, ако сакате да потрошите 14400 долари за да живеете самоодржливо, би заштедиле само 1400 до 4000 долари годишно на сметки за струја и вода. Јас не плаќам за комунални услуги, вода и струја.

За многу луѓе на моја возраст, се чини дека никогаш нема да можеме да си дозволиме куќа во градот. Како може да живееме позелено?

Не треба да поседувате самоодржлива куќа за да имате поголемо влијание од она на оваа куќа. Може да изнајмувате и да штедите повеќе струја и вода само преку купување производи директно од фармерите или локалните пазари.

Нашите стомаци користат 20 до 40 пати повеќе сила од нашите домови. Просечниот австралиски појадок треба да се одгледа, произведе, транспортира, и сето тоа бара илјадници литри вода.

Значи, како некој кој нема реални можности, етичката исхрана е најдобриот почеток?

Да, токму така. Во домаќинство со четири члена со самоодржлив туш, може да заштедите 60 илјади литри вода годишно. Но, ако престанете да јадете црвено месо само еден ден во неделата, може лесно да заштедите 60 илјади литри месечно. Храната е огромно чудовиште кое спие.

Можете ли да ми кажете за вашата кариера пред да ја реновирате оваа куќа?

Работев како правник 19 години, специјализирав во еколошко право, и забележав дека колку повеќе такви закони има, толку повалкан стануваше воздухот и повеќе енергија консумиравме. Сфатив дека законот не е решение, и сакав да направам нешто. Затоа, кога ја направив оваа куќа и почнав да се грижам за загадувањето кое го причинувам, тоа ме направи посреќен, и мило ми е што ја направив таа кариерна промена.

Дали куќата го промени твојот живот?

Кога почнав да го правам ова, немаше никој друг наоколу. Морав да научам да работа со инженери, градежници и водоинсталатери кои не се тренирани да градат самоодржливо сместување. Се сретнав со огромно незнаење. Затоа ја напишав книгата Sustainable House.

Потоа ја напишав Sustainable Food бидејќи открив дека одгледувањето, производството и транспортирањето на храна е вториот најголем загадувач во Австралија, после јагленот.

Колкав дел од вашата храна ја добивате од градината?

Веројатно еден процент. Погледнете ја, широка е пет метри, претежно покриена со сенка, но многу работи растат таму. Затоа почнав со градинарство на улица. На соседите им се допадна, на медиумите им се допадна, потоа градоначалникот дојде и засади дрво, и сега ја имаме политиката дека можеш да одгледуваш  растенија било каде во Градот Сиднеј без дозвола од властите.

Интервју на Нат Касел за Vice Australia