Четири златни медали СОУ „Јане Сандански“ од Струмица на Јејл

Тимот на ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, кој учествуваше на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп се врати во родниот град со освоени четири златни медали.

Под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова, ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова при учество на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп кој се одржа во Јејл Универзитетот во Њујорк, САД, се вратија во Струмица со освоени четири златни медали.

Училиштето преку својата веб страница известува дека ученичките и претходно имаат постигнато успеси, на прелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот натпревар Атина.

Поради нивниот успех, следната година ваков натпревар е најавен од Светскиот ученички куп да се одржи и во Струмица.