Четири сценарија одбрани за „Манаки скрипт лаб 2015“

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ ги избра најдобрите четири предлог-сценарија за проектот „Манаки скрипт лаб“.

„Полноќен воз“ од Ана Јакимска, Македонија, „237 години“ од Јоана Мишје, Романија, „Пилула 1618“ од Доманте Урмонаите, Литванија, и „Ноќ и мед“ од Јоав Нетанјаху, Израел, се најдобрите предлози од пристигнатите преку десет од од цела Европа.

Сценаријата ќе се развиваат од 22 до 25 септември, за време на 36.издание на фестивалот. Станува збор за четиридневна интензивна работилница за развој на сценарио заедно со Надја Димушел, скрипт-доктор со интернационално искуство и експерт од „Торино филм лаб“.

Работилницата е резултат на соработката помеѓу фестивалот „Браќа Манаки“, Агенцијата за филм на Република Македонија и интернационалната лабораторија и филмски фонд „Торино филм лаб“.

Официјален јазик на работилницата е англискиот. Најдоброто избрано сценарио ќе добие парична награда од 1.000 евра. Наградата биде доделена на затворањето на фестивалот, на 27 септември.