Чеси „посвојуваат“ клупи, за поубав изглед на центарот на Прага

Здружение кое се грижи за изгледот на центарот на Прага ги даде на „посвојување“ старите клупи на Вацлавскиот плоштад за да се задржи убавиот изглед на градот, јави дописникот на МИА од Чешка.

Клупите ги „посвојуваат“ членови на Здружението, кои плаќаат 280 евра за старата штица да се замени со нова на која се врежува цитат одбран од „посвоителот“.

Акцијата, како што пишува МИА, има голем интерес и веќе се сменети речиси половина од клупите.