Бутел добива мерна станица за квалитетот на воздухот

Општина Бутел денеска ќе добие нова мобилна мерна станица што ќе го мери квалитет на воздухот на нејзината територија.

Таа ќе биде пуштена во употреба во рамки на проектот „ЕУ за ТЕБЕ!”.

Мерната станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.