„Бразил низ фотографии“ во Јавна соба

Фотографии од природата, модерните и историски градби во Бразил ќе ја одбележат изложбата што ќе се одржи во „Јавна соба“, насловена како „Бразил низ фотографии – пред очите на македонската јавност“

„Изложбата се одржува како резултат на соработката помеѓу корисничките групи ‘Вики образование’ од Бразил и ‘Споделено знаење’ од Македонија, по повод денот на воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Бразил (14 октомври 1998), од 13.10 до 20.10.2017 се организира изложбата на фотографии насловена ‘Бразил низ фотографии – пред очите на македонската јавнос’““, велат организаторите.