Black Sabbath го повика тапанарот Bill Ward да им се придружи на последниот настап

Бендот вчера инфомираше дека нивната последна свирка ќе се одржи во Јапонија. Настапот ќе се одржи во Токио на 22 ноември, соопшти Sharon Osbourne во видео на You Tube.

Ward не беше дел од бендот кога се врати на сцена во 2013 година и го сними албумот „13“. Тогаш, Osbourne тврдеше дека тапанарот поради прекумерна тежина не може да придонесе на снимањата и во изведбите во живо. Тој, исто така, тврдеше дека групата не можела да дојде до финснсиски договор со Ward.

Black Sabbath ќе објави нов албум оваа година кој ќе претставува продолжение на албумот „13“. Фронтменот Osbourne вели дека ги разбира желбите на останатите членови на бендот да престанат со турнеите, но како што вели, не е подготвен да се откаже.

Black Sabbath има издадено 13 студиски албуми од нивното основање во 1968 година. Во сегашниот состав се фронтменот Osbourne и гитаристот Tony Iommi придружени со Geezer Butler на бас.