„Black Mirror“ од филмска, ќе стане и книжевна серија

Првиот том од новата адаптација на реномираната дистописка серија ќе биде објавен во февруари 2018 година.

Чарли Брукер ги избра првите три романсиери кои ќе придонесат за пишување на книгата.

Дистописката антолошка серија, која се емитува на Netflix, ќе ја направи транзицијата кон светот на книгата во февруари 2018 година со објавувањето на овој прв том со целосно нови приказни. Penguin Random House ќе ги објави новите книги во Велика Британија и САД.

Креаторот на „Black Mirror“ го финализира својот избор на првите три автори кои ќе придонесат за колекцијата.

Најдобриот бестселер автор на „Њујорк тајмс“ Кори Докторов, Клер Норт и Силвен Нувел, автор на „Заспаните џинови”, ќе ги напишат првите три приказни.

„Сосема нови Блек мирор приказни од возбудливи автори – тоа е радосен момент. И тие ќе се појават во хај-тек нов формат познат како ’книга’. Изгледа сè што треба да направите е да гледате во некој вид код од мастило на хартија, и сликите и звуците магично ќе ви се појават во главата, прикажувајќи ја приказната. Мене ми звучи претерано, ама да видиме“, изјави Брукер.