Битолска Критична маса #14, во четврток

Битолските велосипедисти во четврток, на 28 мај, по 14 ти пат ќе исптатат порака порака до сите битолчани за промена на животните навики и поголемо користење на точакот како средство за одржлив транспорт и најбрз начин на превоз во урбана средина. Зборно место е плоштадот Магнолија во Битола, во 18 часот.

Како што појаснуваат од неформалната група „БитолаНаТочак“, нивните цели се:

– Вклучување на сите веќе активни точакољупци во разни клубови, организации како и поединци
– Соработка со наТочак од другите градови (Скопје, Тетово, Гостивар и Прилеп) и понуда на заедничка платформа на централно ниво
– Анимирање и поттикнување на сите генерации на граѓани на Битола да преминат кон користење на одржлив начин на транспорт
– Промена на свеста во јавните институции за одново разгледување на дизајнирањето на јавниот простор и патната инфраструктура
– Поттикнување на бизнис заедницата да го зголеми нивото на општествена одговорност преку поддршка на проекти за одржлив транспорт и намалување на загадувањето во Битола.

Видеото од последната, роденденска Критична маса во Битола, погледнете го во продолжение:

Освен во Битола, еден ден претходно, роденденска Критична маса ќе се вози во Прилеп и Скопје.