Бесплатно учество на македонските филмски уметници на LET CEE индустриските денови

Петтото издание на филмскиот фестивал „Let’s CEE“ ќе биде домаќин на индустриските денови на „Снимањето во Централна и Источна Европа и Австрија: Запознавање со утрешните предизвици“.

Дводневниот настан кој ќе се оддржи на англиски јазик, ќе се организира на 23-ти и 24-ти март 2017 година во Виена, со врвни говорници на практични и релевнатни теми, презентации и фасцинантни студии и најнова листа од врвни лидери во полето на филмското финансирање и копродуции. Ќе се разговара и за прикривање на проблемите, како што се филмската дистрибуција, филмската продукција, иновациите и трендовите. Учеството е бесплатно.

„Let’s CEE“ филмскиот фестивал, во соработка со Film New Europe, водечката платформа на мрежно поврзувањеза филмската индустрија во регионот на Централна и Источна Европа, на учесниците ќе им ги покажат најдобрите можности за финансирање на нивните проекти во земји на Европската Унија и ќе им даде краток ажуриран преглед на тоа што друго има да понуди филмската индустрија во Австрија и регионот на Централно-Источна Европа.

Учесниците ќе слушаат предавања за тоа како да си ги подобрат шансите нивниот иден филм или документарец да заврши на големите екрани во кино или на А- Фестивалот, или што може да направи големо филмско студио за нив, како виртуалната реалност ќе го смени бизнисот во блиска иднина, како да продуцираат висококласичен документарен филм еднаков на Холивудските, како изгледа совршен и несоборлив договор за копродукција и многу повеќе.

Деновите на Индустријата се организирани од „Let’s CEE“Филмскиот Фестивал во Виена во соработка со Film New Europe. Главни покровители на настанот се Австрискиот Филмски Институт, Филмска Поддршка Австрија (FISA) и Raiffeisen bank International.

Петтото издание на Филмскиот фестивал „Let’s CEE“ќе се одржи од 21-ви до 27-ми Март 2017 година и ќе презентира повеќе од 140 долгометражни филмови, документарци и кратки филмови од Централна и Источна Европа. Повеќето прикажувања ќе бидат следени од Q&A сесиите со респектирани режисери.

Повеќе информации на страницата www.letsceefilmfestival.com.