Бесплатно предавање со професор Ѓорѓиев за фотографијата во архитектурата

Бесплатното предавање на тема „Architectural Photography“ќе одржи проф. Александар Ѓорѓиев на Градежен Факултет во вторник (23 јануари), со почеток од 17:30 часот.

Фотографијата во архитектурата се изведува на посебен начин, со примена на соодветни методи и начини кои нема да дозволат мешање на боите, преголема светлина и останати ситуации кои не се избегнуваат при фотографирање на објекти и моменти од областа на архитектурата.

Фотографијата е уметност, вештина и наука со која се создаваат долготрајни слики, мемории, уметнички дела. Со комбинирање на соодветни бои, зраци, светлини доаѓа до совршен спој и резултатот е неверојатен. Фотографијата наоѓа примена во секоја област. Како таква, таа игра голема улога во архитектурата.

Пријавувањето за настанот е на следниов линк: https://goo.gl/forms/uAmc4PwD0voHHsBw2