Бесплатно предавање: Photo Manipulation со Даниел Давчев

Студентската организација БЕСТ Скопје, заедно со Creative HUB организираат бесплатно предавање преку кое учесниците ќе може да научат како да ја подобрат нивната фотографија откако е направена.

На предавањето ќе се учи како да се уредува фотографијата со помош на Adobe Photoshop.

Предавањето ќе се одржи на ФИНКИ на 22 јануари со почеток од 17:30 часот.

На него ќе се учат најкористените методи и техники за обработка на фотографија, а ќе има можност да се запознаат со практични примери.

Предавачот на ова предавање е Даниел Давчев, еден од дипломираните студенти на првата генерација курсеви на Creative Hub, кој по своето дипломирање има работено на најразлични проекти од областите на фотографија и графички дизајн.

Пријавувањето се врши на следната форма: https://goo.gl/forms/OlMPBrixf8rbsoY02